Венчавките во текот на најстудените денови не мора да бидат причина да не се облечете како што сакате. Баш напротив! Зимските венчавки можат да бидат едни од најромантичните ако се организирани на вистински начин, а исто така можат да бидат инспирација за да се облечете најромантично до сега.
1. Долг фустан во „А“ крој
Долгиот фустан со „А“ крој е секогаш вистински избор. Во овој фустан, сосема сигурно ќе бидете забележани и ќе покажете дека имате стил.
2. Комбинезон
Овој модерно, одважно и помалку ѓаволесто парче облека може да биде одлично за свадба, особено ако го искомбинирате со соодветни аксесоари.
3. Одело
Оделата се исклучиво популарен избор, така што слободно може да ги изберете за зимска свадба. Најдобро е да изберете црна или тегет варијанта.