Категории

Ова е новиот омбре тренд за девојки кои не сакаат често да се фарбаат!

По разновидните смели трендови во боењето на косата, пристигна еден кој го обожаваат љубителките на природно осветлената коса.

Станува збор за омбре техниката под назив “negative space” кој ја смислил еден од најпознатите британски фризери, Џек Ховард. Со оваа техника се третира помал дел од косата отколку кај останатите омбре техники, а крајната цел е да се постигне приридно осветлена коса од сонце, каква што имаат убавиците од Калифорнија.

„Овој тренд моментално е најпопуларен помеѓу моделите и инфлуенсерките. Целта е да се освежи изгледот со посветли прамени со нагласување на врвовите.

Она што е предност за оваа техника е тоа што одговара на сите типови и бои на коса бидејќи се изведува многу лесно и има за цел да се постигне природен изглед. Исто така, во оваа техника не се користат фолии ниту пак силен хидроген и доволно е еднаш годишно да ја освежувате бојата.

Прегледи:
633
Објавено на:
14.01.2019