„Сакав да ја прославам магијата на женственоста“, изјавил Ели Сааб за Вог пред ревијата која на многумина им го одзема здивот. „Сакав да ја изразам брилијантноста и гламурот на жената. Преку мојот дизајн се обидувам да го зголемам нивниот шарм. На женственоста гледам со најголемо почитување.“
Бејрут е центарот на либанската култура и тука Сааб ги создава своите креации, тука се наоѓаат и сите негови ателјеа. Инспирација за колекцијата за пролет 2019. која ја претстави во Париз му биле сирените, а на манекенките можеа да се видат модерни блејзери, но и гламурозни фустани.
Сааб јасно стави до знаење дека сака да креира за жени кои во неговите облеки ќе се чувствуваат преубаво и ќе можат да ги носат во разни пригоди.