Тесниот струк е еден од најпривлечните женски атрибути, но немаат сите жени среќа да го имаат. За среќа, постојат неколку стилски трикови со чија помош вашиот струк ќе изгледа потенок од што навистина е.
Панталони на пруги
Еден од старите и најчести користени стилски трикови за постигнување поубава фигура и создавање привидна висина. И додека хоризонталните пруги ве кратат и визуелно ве прават подебели, вертикалите на панталоните имаат корисен ефект. Струкот е потенок, нозете се подолги. Бинго!
Фустани со каиш
Прочуениот стилски трик – ако сакате да го нагласите или да го стесните стомакот, ставете појас или каиш. Но, водете сметка тоа да не биде премногу впечатлив аксесоар на фустанот. Многу е подобро да изберете некој ненападен и дискретен.
Облека со висок струк
Освен што визуелно ги издолжуваат нозете, го прават и струкот потенок од што е. Панталоните или било што и да изберете, а да е со висок струк, акцентот го ставаат на струкот и целото тело го прават заводливо.
Струкирани блејзери
Ова модно парче бирајте го така да ви ја прати линијата на телото, бидејќи ќе создаде илузија на витка фигура, особено ако е струкиран или се закопчува околу струкот.
Молив здолниште
Средна должина до под колениците, ова здолниште не само што ќе го нагласи вашиот струк, ќе го нагласи и задникот и сите ваши атрибути. Женствено и елегантно, остава заводлив и сексапилен впечаток и никогаш нема да згрешите ако го изберете.