Категории

Кокосово масло- најдобар сојузник на негата на кожата!

Кокосовото масло може да помогне во многубројни ситуации, во комнбинација со шеќер станува суперпилинг за телото, а одлично е и како храна за кожата.

Ова масло е замена за бројни препарати за нега, а го препорачуваат и многу козметичари. Кокосовото масло може да замени обична крема или лосион за тело така што се нанесува на сува или влажна кожа, се размачкува и се остава кожата да го впие. Најдобро е да се користи чисто, бидејќи во купечките лосиони има многу штетни состојки кои и штетат на кожата.

Ако сакате да извадите шминка, направете го тоа така што на лицето ќе нанесете масло и веднаш измијте го за да не ги затвори порите. Доколку го комбинирате со сода бикарбона, ќе добиете пилинг за чистење на кожата. Од друга страна, пилинг за тело може да направите и од шеќер и сол, доколку во миксот додадете пет пати повеќе масло од количината на сол.

Чисто кокосово масло користете и за косата така што ќе го нанесете на неа пред миење, оставете да делува половина час и потоа измијте ја косата. Ова масло помага и при испукани врвови.

Доколку сакате миризлива купка, ставете десет капки етерично масло од портокал со две лажици кокосово масло. Оваа купка може да ви помогне и при сува и дехидрирана кожа. Може да го нанесете и на суви пети или стапала пред спиење, да ги намачкате ноктите со него бидејќи кокосовото масло ги храни ноктите, а исто така се користи и како превенција од стрии.

Прегледи:
880
Објавено на:
19.02.2019