Категории

Жени, чувајте се од овој хороскопски знак: Има 1000 лица!

Најпрво ќе ве воодушеви бидејќи има ист вкус како вас, се смеете на исти шеги, исто се облекувате и го сакате истиот амбиент. Никогаш не ви е тешко да излезете со него на крај и ви годи неговото друштво. Со други зборови, со Водолиите стекнувате впечаток дека сте во друштво на оној вистинскиот.

Меѓутоа, проблемот е во тоа што со него сите жени се чувствуваат така и тука нема ништо посебно, па така нема ни посебна наклоност кон вас. Водолијата е вистински камелеон кој се труди секому да угоди за да се чувствувате добро покрај него. За да го запознаете подобро, мора да ја поминете оваа друга фаза: еден ден ќе покаже незаинтересираност за нешто што вам ви се допаѓа или ако изрази желба која вам не ви одговара, тоа значи дека почнал полека да се отвора.

Дури и тогаш ќе настојува да ви открие само дел од она што навистина го мисли и чувствува. Нивната тенденција е да живеат неколку животи одеднаш, по еден за секој амбиент, за секоја група пријатели или за секоја од своите желби и интереси. Доколку сакате да го видите навистина заљубен, ќе мора да го чекате денот кога ќе биде подготвен да се открие целосно, без цензури, со сите свои илјада лица и кога ќе ви раскаже што прави и како се чувствува кога не е со вас.