Категории

Манекенките со солзи во очите ги носеа последните парчиња облека креирани од Карл Лагерфелд!

Во текот на модната недела во Париз претставени се колекциите на многу модни куќи, но една од нив се истакна најмногу- ревијата на брендот Шанел.

Поради неодамнешната смрт на Карл Лагерфелд, кој беше 30 години на чело на луксузната модна куќа, сите со нетрпение сакаа да ја видат последната колекција која ја потпиша овој неповторлив моден дизајнер. Возбудата беше очигледна, како во публиката, така и на пистата- многу манекенки не можеле да ги задржат своите солзи, знаејќи дека последен пат носат ново парче со потпис на славниот дизајнер.

Во колекцијата за есен/зима 2019 доминира црната и белата боја, како и црно-белиот пепито дезен, со по некое црвено, розово и сино парче, а ревијата ја отворила актерката Пенелопе Круз. Како што се очекуваше кога станува збор за Шанел, сите парчиња се исклучително елегантни и не постои жена која не би сакала да носи некое од нив.

Прегледи:
611
Објавено на:
07.03.2019