По зимскиот период во кој преовладуваа карираните дезени, време е да ги замените со точките во апсолутно сите комбинации и да ја дочекате пролетта во најдобро издание.
Сигурни сме секоја од вас го носела овој дезен во некој период од животот, но исто така сигурно сте забележале и постари дами кои го имаат на себе.
Точките денес се сметаат за еден од најшармантните дезени кои истовремено предизвикуваат елегантна нота во комбинација со детска разиграност, а всушност тој спој на сериозност и лежерност е она што го прави овој дезен совршен за сите пригоди.
Точкастиот дезен низ времето ги менувал стиловите, па бил присутен и во поп арт културата, спортот, а врвот на елеганцијата го доживува во деведесеттите.