Категории

Во Скопје ЗОО, целосно ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

Деновиве во Скопје ЗОО, започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Први кои ќе се реновираат се реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови. Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така освен животните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња. Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимапнза, а ќе започне да се гради и новото живеалиште за фламинга.