Категории

Леброн Џејмс – голем играч, но уште поголем човек!

Откако се појави на теренот кошаркарот Леброн Џејмс, веднаш беше јасно дека е предодреден за големи дела. Веќе до својата дваесетта година создаде завидно спортско наследство.

Најголемиот производител на спортска опрема успеа да потпише договор со него кога наполни 18. години. Помеѓу првиот договор и овој последниот со Лос Анџелес Лејкерс, Леброн успеа да стане деловен човек кој заработува огромни суми на пари.

Покрај големите успеси на кошаркарскиот терен, Кинг Џејмс е познат филантроп. Тој успеа уште еднаш да ја покаже својата големина со отворањето на училиштето “I promise” во своето родно место, Акрон.

„Ги знам тие деца, буквално повеќе отколку што се познаваат тие самите себеси. Одев по истите улици, возев велосипеди кои тие ги возат… Поминав низ сѐ, добро но и лошо. Низ сѐ што поминуваат – контакт со дрога, насилство, оружје… Сега сум во позиција и финансиска можност, зошто да не им помогнам?“, изјавил Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@kingjames) on


Учениците во неговото училиште уживаат во бројни поволности како што се бесплатниот превоз, храна, велосипеди и многу други придобивки.