Категории

Успешна македонска блогерка која ќе ве освои со нејзиниот стил и авантуристички дух #ИнстаСреќа

Блогерка за која патувањата се најголема љубов, но и која ќе ве освои со нејзиниот стил и креативност. Софија Јанева е 25 годишна модерна девојка која обожава да патува, фотографира и да ужива во животот. 

Сигурно сте налетале на нејзиниот инстаграм профил, кој освојува на прв поглед со интересни содржини и беспрекорни фотографии. Покрај модните комбинации и советите за козметика и шминка, таа ќе ве инспирира да започнете да планирате и некое патување, а со сигурност можете да се потпрете на нејзините предлози за интересни места за посета, за да се напиете кафе или да ручате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

„Јас сум дипломиран економист, но набрзо ќе ја добијам и својата магистерска диплома во областа на дигиталниот маркетинг. За мене, маркетингот отсекогаш бил огромна пасија во животот, а во моментов раководам со маркетинг агенцијата „Niko Media“. Воедно, јас сум и фриленсер и блогер, а мојот блог Adventures with Janeva го започнав лани и сум презадоволна од успехот што го постигнав во само една година.“ вели за себе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

Како се роди идејата за твојот блог?

Јас патував уште од многу рана возраст со моите родители, од кои ја наследив љубовта кон патувањата, авантуристичкиот дух и желбата за истражување нови дестинации. Забележав дека многу луѓе се интересираат за моите патувања и авантури, па решив да ги споделам со светот. Така се роди мојот блог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

Може да те сместиме во категоријата на lifestyle блогери, но која содржина ти е поинтересна за создавање, патувањата или мода/козметика?

Иако најмногу во мојот блог пишувам на теми поврзани со моите патувања, сепак креирањето содржини поврзани со новите модни трендови и мојот секојдневен живот ми се подеднакво интересни за споделување со читателите. Без оглед на која тема пишувам, најважно е содржината да биде оригинална, креативна, интересна и да ги пренесува моите лични искуства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

Често патуваш, имаш посетено многу места, но која е локацијата на која веднаш би и се вратила?

Мојата омилена дестинација е и ќе остане Калифорнија, каде имав можност да живеам една година и каде го завршив средното училиште. Лос Анџелес е градот на моите соништа, центар на филмската индустрија, модата, Холивудските ѕвезди, Дизниленд, прекрасни плажи, шопинг центри и забавни паркови… Место каде создадов нови и доживотни пријателства. Она што посебно ме фасцинираше е прекрасната клима и сонцето преку цела година. Затоа Калифорнија ја викаат “The Golden State“. Секогаш кога ќе ми се укаже можност и без размислување ќе се враќам во Лос Анџелес.

Сепак, сите дестинации кои сум ги посетила ме инспирирале на посебен, поинаков начин и ми даваат позитивна енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

Со што најчесто ги правиш твоите фотографии? Телефон, апарат? Кој ти помага во фотографирањето?

Моите фотографии најчесто ги правам со професионален фотоапарат Nikon D5300 и 35mm lens. Фотографијата отсекогаш ме инспирирала и поради тоа уште пред неколку години завршив курс по фотографија. Сепак, бидејќи најмногу сакам спонтани фотографии, се случува да фатогорафирам и со мојот мобилен телефон IPhone 7plus,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

бидејќи како што викаат професионалците – „Најдобрата камера е онаа што ја носиш со себе.“

Најчесто ме фотографира мојот дечко, кој исто така професионално се занимава со фотографија.

Што те прави среќна?

Среќна ме прават малите работи во животот, љубовта, дружењето со моите пријатели, убава книга, фотографија, мојата фамилија и секогаш се трудам да имам позитивен став во животот. Среќна сум што имам професија која ми овозможува доволно слободно време за патувања и нови авантури.

Се трудам да го користам секој слободен момент за да ги остварам моите соништа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adventures With Janeva (@janeva) on

Прегледи:
1030
Објавено на:
29.05.2019