Категории

Црвен Крст и оваа година ќе ја реализира активноста „Бајрамски цвет“

По повод празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на град Скопје во соработка со СУГС “Цветан Димов” трета година по ред ја реализираат активноста „Бајрамски цвет“. Оваа година, истата се организираше во „PRINCE SUPERMARKET’’, и е наменета за децата со посебни потреби кои го посетуваат здружението за индивидуална терапија „Dua Ylberin“.

Во деновите пред празникот, многу хумани граѓани и општествено одговорни компании кои го посетија супермаркетот, одбраа една од картичките и ги исполнија сите желби на децата.

Доделувањето на подароците и дружењето со децата и волонтерите на Црвен крст ќе биде на 30.05.2019 година (четврток) во игротеката во „PRINCE SUPERMARKET’’ со почеток во 11:00 часот.

Ве очекуваме заедно да го разубавиме празникот на овие деца, но и да ја подигнеме јавната свест за нивна полесна интеграција во општеството, порачуваат во соопштението од Црвен Крст.

Прегледи:
510
Објавено на:
29.05.2019