Овенот остава добар впечаток, Близнаците менуваат работа, Лавот е озборуван од страна на колегите, Јарецот е во кавга, Водолијата е полна со енергија.
ОВЕН
Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее во ваша близина ќе покаже дека има желба да бидете повеќе од пријатели. Проблеми поради исцрпеност.
БИК
Слободно спротиставете се на туѓото мислење бидејќи на крај ќе докажете дека сте биле во право. Постои можност со саканата личност да изградите стабилен и добар однос ако разговарате искрено во врска со сѐ. Здравјето е во ред.
БЛИЗНАЦИ
Промена на работата е пред вас. Може да се надевате на многу позитивен период за нови случувања и заработка. Напнатата атмосфера ве оптеретува и не можете повеќе да издржите во врската во која кавгите се константни. Можни се проблеми со колковите.
ЛАВ
Сакате по секоја цена да покажете на работа дека сте подоминантни од другите и дека на некој начин победивте. Обидете се да не обрнувате внимание на трачевите кои кружат околу вас. Важни се само емоциите. Болка во грлото.
ДЕВИЦА
Ве оптеретуваат ситници кои не сте успеале да ги решите на ова поле. Многу работи ви создаваат притисок. Не ви се допаѓа ставот кој го зазема саканата личност и тешко ви е да се помирите со некои работи. Проблеми со уринарниот тракт.
ВАГА
Склони сте кон започнување на кавги со личност со која имате блиска соработка бидејќи не сака да работи онака како што и кажувате вие. Не умеете на вистински начин да ги покажете своите емоции и вашиот негативен став го одбива партнерот. Потребен ви е сон.
ШКОРПИЈА
Сметате дека дојде време полека да ја менувате работата. Имате впечаток дека на моменталното работно место не можете да напредувате. Потребна ви е поголема флексибилност и став кон саканата личност. Проблеми со синусите.
СТРЕЛЕЦ
Поволен викенд ако се занимавате со административна работа или ако чекате било каков документ. Имате можност да бирате со кој ќе бидете, додворувачите постојано ви се појавуваат. Емотивното поле ви е многу возбудливо. Ве мачи кашлица.
ЈАРЕЦ
Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе и потрудете се сами да ја завршите работата која е пред вас. Премногу сте склони кон кавги и тензии, па поради тоа партнерот може да почне да го избегнува вашето присуство. Можни се проблеми со црниот дроб.
ВОДОЛИЈА
Се наоѓате пред нова, важна животна одлука во која ќе мора да покажете колку всушност сте созреале. Можно е помеѓу вас и саканата личност атмосферата да не е многу поволна веќе некое време и тоа многу ве боли. Полни сте со енергија.
РИБИ
Имате финансиски проблеми и не знаете кому да се обратите за помош. Имате впечаток дека сите околности се против вас. Можно е да не можете да се контролирате и на саканата личност пребрзо да и изразите љубов. Не се чувствувате добро поради стрес.