Манифестацијата Велигденска традиција се организира во чест на големиот христијански празник Велигден и има за цел да ги промовира традициите поврзани со празнувањето на празникот, а една од нив е боење или шарање на јајца кои треба да го симболизираат Христовото воскресение.
Организатор на манифестацијата „Велигденска традиција“ е ЛУ Градски музеј од Крива Паланка. Настанот го подржуваат и учество земаат Организација на жени од Крива Паланка, основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, а покровител е Општина Крива Паланка.
Во програмата е предвиден хепенинг за избор на најубаво украсено велигденско јајце, најинтересна велигденска декорација, притоа секако неодминлив дел е дегустацијата на традиционално подготвена храна од вештите раце на кривопаланечките домаќинки, јадења кои се карактеристични за велигденските празнувања и секако неодминлив дел е пригодната музичка програма.
Повелете, Крива Паланка Ве очекува!
Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија