Категории

Истражи ја Крива Паланка- поврзи се со природата , ЛУ Градски музеј – Крива Паланка низ историјата

Градскиот музеј е формиран во октомври 2006 година, како локална установа од областа на културата. Во текот на една година се одржуваат по триесетина културни активности од типот на изложби, промоции, концерти, работилници и презентации, а оваа институција е ко-организатор и на сите големи општински манифестации

Оформени се три постојани поставки, етнолошка, историска и археолошка, а досега се собрани и обработени повеќе од 2.170 музејски предмети кои ја претставуваат Крива Паланка низ историјата.

Музејот располага и со галериски простор за тековни изложби, депоа, работилница за конзервација, продавница за сувенири, како и со аудио водич на шест јазика за промоција на поставките и тоа на македонски, англиски, албански, турски, ромски и француски јазик.

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија