Категории

Според хороскопот, овие знаци секогаш остануваат „мамини синови“

Изгледаат убаво, внимателни се, знаат да слушаат, ја следат модата, но секогаш ќе останат „мамини синови“.

Најчесто се работи за родените во знакот на Рак, Лав и Стрелец.

Стрелец
Мажите родени во знакот Стрелец живеат многу безгрижно. Тие повеќе сакаат да се опуштат и не сакаат да размислуваат за сериозни работи. Кога ќе дојде до нешто по сериозно, за помош секогаш ја бараат својата мајка. Таа ним понекогаш им ги зема и валканите алишта и им ги пере, а често знае и нешто убаво да им зготви. Без мајка им животот би им бил многу понапорен.

Рак
На чувствителните Ракови им треба силното мајчинско рамо за да можат да плачат за се и сешто. Тие на мајката ќе и го раскажат секој детал од животот и постојано маратонски ќе телефонираат со неа. Кога сте во врска со таков маж бидете свесни дека неговата мајка ќе знае се за вашиот љубовен живот.

Лав
Лавовите се самостојни и горделиви. Не дозволуваат никој ништо да им докажува. Но, сепак има исклучок- нивната мајка. Таа секогаш ја има најважната улога во нивниот живот. Се што таа кажува има своја тежина. Дури и кога одамна се отселените од куќата, таа одлучува за сите нивни љубовни одлуки. За да биде во тек со работите, се наоѓаат во кафуле најмалку еднаш неделно.

Прегледи:
610
Објавено на:
07.07.2019