Времето лета, а со него и трендовите кои доаѓаат и си одат речиси секојдневно. Овој месец не е исклучок, а во него ќе може да уживаме во многу модни трендови, експериментирајќи со стилот и уживајќи во новитетите кои ни ги носат модната и индустријата за убавина. Сепак, ќе издвоиме три кои вреди да ги пробате а се однесуваат на косата, маникирот и стајлингот.
View this post on Instagram
Софистицирани, разнобојните точки на проѕирна позадина се вистински хит кој треба да примените. Лесно се вклопува во секој стајлинг, а вашите нокти ќе добијат забавна нота како и целокупниот изглед.
Бермуди
View this post on Instagram
Кратките шорцеви овој месец не се веќе толку популарни, така што е вистинско време да инвестирате во нивната подолго алтернатива – бермудите. Различни силуети и модели, со забавен принт, бермудите се одлична замена за панталоните во текот на жешките денови, па може да ги носите дури и на работа!
Боб фризура
View this post on Instagram
Ако поголем дел од познатите дами не се доволен доказ колку е оваа фризура популарна, тогаш сигурно ќе ве убеди фактот што ќе ја чувствувате својата коса лесна во топлите денови. Покрај тоа, одлична е за стилизирање бидејќи не одзема премногу време. Рамна, брановидна, со шишки или без… Секоја варијанта е совршена.