Сите ние се имаме најдено во оваа фрустрирачка ситуација – или материјалот се растегнал, па ни се премногу широки или па е многу тесен и едвај не собира во нив. Но, без грижа, постои начин како вашите омилени фармерки да ги вратите во посакуваната форма.
Понекогаш фармерките знаат да бидат многу проблематично парче облека, причина за тоа може да биде лошиот материјал од кои се направени или погрешната грижа, најчесто после неколку перења потполно поразлично изгледаат од кога сме ги купиле.
За среќа, постојат неколку различни опции кои можат да ја решат оваа ситуација.
Ако се премногу големи, исперете ги во врела вода, ако се растегнати, само ставете ги на стандардно перење во врела вода. Овој трик најмногу делува за моделите кои се големи и растегнати и кои се направени од памук.
Совет плус: немојте да користите омекнувач, за да спречите материјалот да ја смени оригинална форма премногу!
После перењето, ставете ги фармерките во машина за сушење на алишта и ставете ги на опцијата “врело сушење” . Ткаенината ќе се собере, а фармерките ќе ви стојат подобро.
Ако пак, фармерките ви се мали, посипети ги со млака вода, а потоа растегнете ги. Во овој случај, ткаенината ќе се растегне, а вие покомотно ќе се чувствувате во нив.