Оваа мечка, исклучително слаба и гладна, лежела на земја во часови во предградието на Норилск, а на нозете имала кал и само одвреме навреме станувала за да побара храна во околината. Тоа е првата поларна мечка видена во Норилск во последните 40 години.
„И понатаму шета околу фабриката, полицијата и останатите служби ја пратат, обезбедувајќи ја и неа и жителите“, изјавил Александар Коробкин, началник на една од градските служби.
Климатските промени и глобалното затоплување придонеле до уништување на засолништата на поларните мечки. Тие долг период беа маскоти на ефектот на климатските промени. Како животни кои живеат само на Арктикот, тие се првите кои го чувствуваат ефектот од раст на температурата и подигањето на нивото на морето.
Мечките ги наоѓаат фоките на сантите мраз. Во текот на летото, тие честопати со месеци не јадат ништо, чекајќи ледот повторно да се формира. Уште од 2002. стигнало предупредување дека поларните мечки ќе изумрат поради климатските промени. До крајот на летото тие покажуваат знаци на изгладнетост. Од година во година, ситуацијата се влошува.
Во северна Русија на почетокот на оваа година е прогласена вонредна состојба бидејќи се забележани околу 12 поларни мечки во потрага по храна како влегуваат во јавни згради и куќи. Зоолозите од Норлиск на крајот ја фатиле мечката на една депонија и ја префрлиле во Зоолошката градина во Ројев. Таму ќе и биде укажана адекватна ветеринарска помош.