Нема да можете да му одолеете на вкусот на ова интересено предјадење.
Состојки:
- 500 гр. свежи печурки
- 100 гр. брашно
- 2 јајца
- 50 гр. сусам
- 100 мл. млеко
- масло
- сол
- мелен црн пипер
Состојки за тартар сос:
- 2 кисели краставички
- 100 гр. мајонез
Подготовка:
Изматете ги јајцата, млекото и брашното, се додека не добиете густа смеса (како за палачинки). Посолете. Печурките извалкајте ги во оваа смеса, па потоа во сусамот и потоа испржете ги во загреано масло.
Подготовка на тартар сос:
Изрендајте ги краставичките, додадете две лажици мајонез и две лажици вода од киселите краставички. Наместо оваа вода, можете да користите бело вино докалку сакате.
Добар апетит!