Овој кремаст колач е многу брз и лесен за правење, и сигурно ќе уживате во секој залак. Добар апетит!
Состојки:
– околу 150 грама бисквити
– 400 грама малини
– 100 грама шеќер
– една кесичка пудинг со ванила
– 200 мл вода
– 500 грама маскарпоне сирење
– 400 мл шлаг
– две лажици нутела
– чоколада за готвење
Подготовка:
Прво, ставете ги бисквитите во тава со дијаметар од 24 × 29 см, не е потребно да се натопат во млеко.
Измиените малини додајте ги во тенџере заедно со шеќерот и половина од водата. Гответе ги малините на средна температура додека не омекнат. За ова време, измешајте го пудингот со остатокот од водата. Ако не ви се допаѓаат семките од малините, просејте ги преку цедилка. Вратете ги малините да зовриат. Тргнете ги од шпоретот и промешајте ги со подготвениот пудинг. Вратете го пудингот да се довари. Веднаш штом ќе го извадите, истурете го преку подготвениот бисквит и оставете го да се олади добро.
Измешајте го маскарпонот со омекната нутела и измешајте со миксер. Посебно изматете го шлагот, потоа додадете го маскарпоне сирење и мешајте додека убаво несе соединат . Подготвениот крем нанесете го преку овошниот дел, апотоа врз сето тоа додадете ја предходно растопената чоколада за готвење. Оставете го колачот во фрижидер преку ноќ да ги омекне бисквитите и кремот да се стегне. По желба, украсете го колашот со малини со малини.