Категории

СОВЕТИ ОД МАЈКА ТЕРЕЗА ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ: Како да поднесете измами, завист и лажни обвиненија

Мајка Тереза ​​го поминала својот живот служејќи им на сиромашните, на болните, на сираците и на оние што целиот свет ги заборавил и ги отфрлил – сите, освен оваа извонредна жена со албанско потекло, родена во Скопје.

Прочитајте ги нејзините совети и ќе бидете среќни:

  • Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични … Сеедно, простете им.

  • Ако правите само добри работи и луѓето ве обвинуваат, тајно и од лични причини … Сеедно, вие продолжете да правите добри работи.

  • Ако сте успеале во животот, околу вас може да се појават многу имагинарни пријатели и вистински непријатели … Сепак, продолжете да нижете успеси уште повеќе.

  • Ако сте искрени и отворени и луѓето ве лажат … Сеедно, бидете искрени и отворени.

  • Она што го градевте низ годините може да се уништи преку ноќ … Сеедно, продолжите да градите.

  • Ако најдете мир и среќа, ќе ви завидуваат … Сеедно, бидете среќни.

  • Добрината, која што ја направивте денес, луѓето ќе го заборават уште утре … Сеедно, правете добро.

  • Споделете го со луѓето најдоброто што го имате и тоа никогаш нема да биде доволно … Сеедно, споделете го најдоброто што го имате.

  • На крајот на краиштата, вие ќе се уверите и самите дека сето ова е помеѓу вас и Бог … Сеедно, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив.