Дури и ако не сте сигурни во вашите емоции за момент, вашето и неговото однесување можат да ви откријат многу.
Моментите на несигурност, па дури и сомневање во вашата љубов се сосема нормални. Се разбира, ако не се случуваат премногу често.
Но, постојат и јасни знаци дека сте создадени еден за друг, а токму тие можат да ве смират и да ги решат вашите грижи:
Поминавте низ добри, но и лоши работи
Доколку се поддржувате еден со друг во сите ситуации, па дури и по “невремето” сте уште поблиски, ова е еден сигурен знак дека сте создадени еден за друг.
Имате заедничка цел
Важно е да знаете дека одите по иста патека низ животот, но тоа не значи дека мора да имате идентично мислење за сите работи. Но, доколку тој не сака деца, а вие сонувате за големо семејство или сонувате за кариера,а додека тој мисли дека треба да бидете домаќинка – сето ова би требало да бидат знаци за тревога.
Не трошете го времето на бесмислени кавги
Во ред е понекогаш да се скарате, иако некој ви тврди дека постојат врски во кој партнерите никогаш не се караат, бидете сигурни дека лаже. Но, ако по секоја расправија не разговарате со денови, па дури и недели, треба да размислите за иднината на таквата врска.
Вие му верувате на вашиот партнер
Важно е да му верувате на лицето со кое сакате да го поминете животот. Неговиот мобилен телефон и лаптопот не мора цело време да бидат во ваши раце за да бидете сигурни во неговата верност.
Вие исто така се разбирате и под ќебето
Иако физичката привлечност, како и одличниот сексуален живот не се гаранција за успешна врска, никој не може да негира дека не се важни фактори.