Категории

Холивудскиот заводник повторно во свој стил: Џони Деп шармираше во Венеција

Џони Деп кој веќе долго време ја држи титулата на холивудски заводник ги освои срцата на сите присутни во Венеција каде го промовираше својот најнов филм “Waiting for the Barbarians” во кој ја има главната улога.

Славниот актер кој последните неколку години го биеа лоши гласини поради турбулентната врска со актерката Амбер Хард и проблемите со алкохолизмот, зачекори по црвениот килим облечен во сино одело и повторно ги освои срцата на своите фанови појавувајќи се во својот препознатлив стил на вистински заводник.

Во едно интервју тој сподели дека е доста горд на неговите деца. Неговата ќерка Лили Роуз Деп која исто така беше помеѓу гостите на фестивалот. „Таа е мојата гордост, бескрајно сум среќен што оди по свој пат и не слуша никого. Таа и нејзиниот брат се нешто свето за мене!” – сподели актерот.

Прегледи:
627
Објавено на:
07.09.2019