Категории

Дали е заљубеноста исто што и љубовта?

Често заљубеноста и љубовта се доживуваат како синоними, но дали постои заблуда во тоа? Дали после заљубеноста настапува љубовта? Дали можеме некого да сакаме иако не сме заљубени?



Прашањето за тоа колку долго може да трае заљубеноста и кога почнува љубовта е едноставно различно за сите. Не е реткост најчесто да не можеме да ги различиме, а уште помала е реткоста кога магијата исчезнува и почнуваме да ја гледаме личноста во друго светло.

Симптоми на заљубеност
Дали ви се случила некоја романса која никогаш не сте успеале да ја заборавите? Се сеќавате ли на вашата прва љубов од училиште, или со некоја особа за која многу долго сте размислувале,што има заедничко во тие мисли?Одговор е заљубеноста. Една необјаснила сила која ве влече кон некого. Тоа е како опиеност и магепсаност, страст и идеализација на одредена личност, и додека го читате ова и помислувате на неа ви буди некој тип на посебни емоции, или „пеперутки во стомакот“
Но овој тип на „лудило“ не трае вечно. Стручњаците сметаат дека интензивните емоции кои ја предизвикуваат заљубеноста може да се доживуваат најмногу година дена.

Како изгледа љубовта
Една поговорка гласи „Кога сакате некој, го сакате поради самиот него а не поради нештата кои ги прави за вас“ и тоа е вистинска љубов. Точно е дека вистинската љубов е доста комплексна, и веројатно никој досега не успеал комплетно да ја сфати.
Љубовта настапува кога ќе ја погледнете личноста во вистинско светло, после разочарувањата, расправиите, кога идеалната маска ќе се симне од нивното лице. Кога ќе ги видите и најмрачните страни на таа личност но и понатаму за вас да ќе е убава и прекрасна, тогаш се работи за љубов.
Љубовта е чувство на припаѓање, кога ја гледате реалноста за вашиот партнер. Кога храбро ги поднесувате поразите. Кога не е важен физичкиот изглед, туку квалитетите кои ги поседува. Љубовта ве задржува покрај таа особа, по секоја цена.

Прегледи:
737
Објавено на:
13.09.2019