Откако ги рангираа најбезбедните дестинации за синглови, туристите решија да откријат во кои градови можат да се чувствуваат најбезбедно во било која ситуација.
Ова прашање го проучуваа уредниците на часописот „Економист“. Тие спроведоа студија и го презентираа најновиот годишен индекс на најбезбедни градови за 2019.
При составувањето на листата, тие ја земаа во предвид безбедноста на 60-те најголеми градови во светот според различни критериуми, вклучувајќи ја сигурна инфраструктура, квалитетот на здравствената заштита, личната и дигиталната безбедност и снабдувањето со лекови.
Петте лидери се Токио, Сингапур, Осака, Амстердам и Сиднеј.
Експертите за градови со најмалку поволни услови ги издвоија: Јангон (Мјанмар), Каракас (Венецуела) и Лагос (Нигерија).
A еве ги првите 20 најбезбедни градови:
- Токио
- Сингапур
- Осака
- Амстердам
- Сиднеј
- Торонто
- Вашингтон
- Копенхаген;
- Сеул
- Мелбурн
- Чикаго
- Стокхолм
- Сан Франциско
- Лондон
- Њујорк
- Франкфурт
- Лос Анџелес
- Велингтон
- Цирих
- Хонг Конг