Категории

Здравјето секогаш нека биде ваш приоритет: Доброволно приватно здравствено осигурување за среќен и квалитетен живот!

Здравјето е најважниот сегмент во нашиот живот, но честопати ја забораваме неговата важност и не го цениме доволно сѐ додека не е нарушено. Здравствената состојба на секој човек е предуслов за сѐ во животот. Со добар осигурителен партнер добивате помош и грижа во миговите кога таа е неопходна, кога поминувате низ ситуации што се по својата природа меѓу постресните.


Токму затоа, Сава Осигурување создаде најквалитетно покритие за доброволно приватно здравствено осигурување кое може да го користите во партнерската мрежа од болници и дијагностички центри. При тоа, како осигуреник на Сава Осигурување добивате приоритетен третман.

За да биде процесот поедноставен и подостапен за вас, Сава Осигурување имаат сопствен асистентски центар што се грижи за координација на сите процеси, одејќи го целиот пат заедно со вас. Ослободени сте и од грижата за трошоците, бидејќи тие се обврска на САВА осигурување уште од моментот на најава во асистентскиот центар.

Доброволното приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на Сава осигурување е наменето е за сите кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита за себе и најблиските. Претставува дополнување на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжително здравствено осигурување и обезбедува покривање на трошоците за услуги што не покриени од ФЗО.

Обезбедете квалитетна медицинска грижа и услови – за себе и најмилите со Сава Доброволно здравствено осигурување! Проверете ги понудите и комбинациите кои најмногу ви одговараат. На располагање го имате контакт центарот на телефон 0800 80 000, или директно на веб страната на Сава Осигурување, во полето за контакт (чет).

ДПЗО важи за голем број приватни болници и поголеми дијагностички центри од партнерската мрежа на целата територија на Република Македонија. Достапно е за сите осигуреници во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија – од раѓање до полни 74 години живот. Премијата зависи од старосната група на која припаѓа осигуреникот.

Погледнете го промотивните ВИДЕО СПОТОВИ, илустрацијата на самиот ПРОДУКТ , како и начинот на кој функционира АСИСТЕНЦИЈАТА.

Како се добива покритие од полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување

 Пријавување

  • Осигуреникот е упатен на специјалистичко-амбулантно лекување или оперативен зафат.
  • Осигуреникот контактира со асистентскиот центар преку телефон 0800 80 000, електронска пошта [email protected], на веб страната www.sava.mk или во личен контакт.
  • Осигуреникот доставува медицинската документација (скен, фотокопија) која ја прегледува лекар – цензор и дава согласност за организација на асистенцијата за вршење на дијагностиката, лекувањето, операцијата.
  • Асистентскиот центар на Сава осигурување, во консултација со осигуреникот организира прием и вршење на зафатите во соодветни медицински установи. Како одговорен за контакт и координација помеѓу осигуреникот и болницата, центарот го известува осигуреникот за сите детали во писмена форма.

Плаќање

Трошоците се грижа на Сава осигурување уште од моментот на најава во асистентскиот центар. Осигурувањето е без франшиза, односно без учество на осигуреникот во трошоците.

Обезбедете си себеси и на вашите најблиски здрав и квалитетен живот, со полисата на Сава осигурување со најквалитетно покритие за доброволно приватно здравствено осигурување!