Категории

Никогаш не се извинувајте за овие нешта!

Во некои ситуации морате да се ставите себеси на прво место, немојте никогаш да се извинувате за овие работи..

Поголемиот дел од луѓето се грижат за тоа што другите ќе мислат за нив, постојано посакуваат да им угодат и со тоа забораваат на сопствените потреби. Кога не исполнуваме нечии очекувања се јавува чувство на вина, а не би требало да биде така!

Понекогаш се наоѓаме себеси во ситуации во кои чувствуваме вина, се извинуваме иако во повеќето од нив не е неопходно. Извинување е покајување од чисто срце. Всушност, се извинуваме неколку пати дневно, а тоа и не го приметуваме. На работа, на училиште, на улица, во супермаркер, во кино, и други јавни места. Сметаме дека тоа е само елементарна култура, но грешиме. „Извини“ е голем збор кој не треба толку лесно да се сфаќа.

Никогаш не се извинувајте поради љубов
Овде нема место за вина, најубавото чувство на светот е способност некого да сакате, па и тогаш кога не е обострано. Важно е да запаметите дека во таа ситуација не сте виновни, затоа што срцето не можете да се контролира.

Не извинувајте се ако одбиете нечие барање
Важно е да научите да кажете Не!. Почитувајте се себеси и никогаш не го правете она кое не го сакате. Било некој да бара услуга на работа или во приватниот живот, доколку не сте во можност тоа да го исполните, најдобро е да го одбиете, во овие ситуации немате потреба да чувствувате вина и да се извинувате!

Не извинувајте се поради личноста која сте
Не се обидувајте да им удоволите на сите и никогаш не се извинувајте поради тоа какви сте. Дали луѓето околу вас ќе ве сакаат или не, не можете да влијаете. Својата личност носете ја со себе гордо.

Не извинувајте се поради своето минато
Минатото е веќе минато, направено и завршено. За жал или за среќа не можете да го промените. Нема смисла да се извинувате за некои одлуки, важно е да живеете во сегашноста без да гледате назад кон минатото.

Не извинувајте се поради сопственото мислење
Запаметете дека е во ред да имате свое мислење, и другите да не се сложуваат со него. Но никогаш немојте да се извинувате поради личното мислење и да се обидувате да се вклопите во масата само за да не бидете „црна овца“.

Нема потреба да се извинувате поради вистината
Колку и да е горка вистината, во секој случај е подобра од лагата. Не извинувајте се поради нешто што го знаете!

 

 

 

 

 

Прегледи:
804
Објавено на:
19.09.2019