Таа ги повикува паровите да бидат потолерантни доколку се случи неверство.
Неверството е обично нешто преку што паровите преминуваат многу тешко.
Брачениот терапевт кој со години се среќава со паровите и наоѓа решенија за нивните проблеми тврди дека неверството може да ја спаси врската или бракот. Неверството не мора да биде нешто лошо, тоа може да ја направи врската посилна.
Раскинувањето не мора да биде следниот чекор.
„Доколку простите неверство и се обидете да разберете зошто се случило, може да ви помогне да ги направите работите појасни и да добиете одговори на некои прашања за кои што не сте разговарале со вашиот партнер“.
„Поентата не е да го обвинувате партнерот, но неопходно е по вакви ситуации да зборувате за тоа што го предизвикало неверството и да размислите како може да се подобри вашата врска“, тврди таа.
Таа исто така додаде: „Еднаш, многу одамна, разводот беше табу тема, но денес тоа е неверство “.
“Постои прилично строг став кон оние што го изневеруваат партнерот, за кој верувам дека е штетен и ги принудува паровите на развод, а децата страдаат. Постои решение за секој проблем, вклучувајќи го и овој.”
„По простувањето, односите меѓу партнерите можат значително да се зацврстат“, заклучува таа.