Категории

Најчестите причини за нарушување на односите во врската

Речиси сите парови поминуваат низ нив, дали се пронаоѓате и вие?

Голем дел од паровите поминуваат низ расправии поради овие проблеми.
Подемите и падови се составен дел од секоја врска, дури и оние најздравите и најстабилните. Иако никој не сака проблеми во врската, заедничкиот труд и напор во нивно решавање може да ви помогне да биде уште по среќни и да имате постабилен однос.

Пред да дознаете како да ги решите овие проблеми во врската, морате да знаете дека најчестите причини за расправии се стравот, недостатокот на доверба и љубовмората.
Стравот дека не сте доволно добри, недостатокот на доверба поради кој помислувате дека вашиот партнер ве изневерува или лаже како и љубомората на другите луѓе од околината се најчестите особини за нездрава врска, а тоа секако не е она што го посакувате.

Љубомора поради поранешниот партнер
Тоа е еден од најчестите проблеми во врската. Колку и да сметате дека љубомората е знак на љубов, и таа сведочи дека се грижите за вашиот партнер, воопшто не е добра. Поради љубомората дури и си замислувате некои лоши работи, лошо се однесувате и зборувате нешта кои можат да го повредат партнерот.

Недостаток на време за комуникација
Од различни причини паровите немаат време за комуникација – обврски, оддалеченост.. Некои се лутат доколку партнерот, да речеме, не стигне да им испрати порака во текот на денот и сметаат дека тоа значи дека не им е грижа.

Слаба поврзаност и внимание
Секој од нас има свој начин на кој ја искажува поврзаноста спрема партнерот – преку допирите, квалитетно поминато заедничко време, убави зборови, мали поклони…
Некои луѓе погрешно ги сфаќаат гестовите на партнерот со кои тој му ја покажува наклонетоста само затоа што тие своите чувства ги покажуваат на поинаков начин. Поради тоа сметаат дека партнеерот не им посветува доволно внимание.

Страв од изневерување
Мислите дека партнерот ве изневерува, без обзир на тоа што никогаш не ве изневерил и не би го направил ни во иднина. Како што веќе рековме, љубомората е гадна работа која може да спречи работите да ги гледате онакви какви што навистина се. И најчесто е предизвикана поради личната несигурност или искуствата од претходните врски.

Прегледи:
344
Објавено на:
25.09.2019