Можеби на прв поглед љубовта ве привлекла, но големи се шансите вашата врска да не потрае доколку вие сте една од овие комбинации на хорокопски знаци..
Јарец и Стрелец
Овие два знаци се во потполност различни. Личностите родени во знакот на Јарец многу лесно се разочаруваат, иако зборуваат дека љубовта им е најважна работа, сон им е да ја пронајдат својата сродна душа.
Водолија и Бик
Водолија е знак кој секогаш тежнее кон својата слобода и неоптеретеност. Точно поради тоа личностите родени во знакот Бик се најлошиот можен избор за Водолиите затоа што тие тежнеат кон стабилност и постојана поврзаност.
Овен и Девица
Личностите родени во знакот на Овен се многу едноставни, неоптеретени и не сакаат расправии и љубовни проблеми. Затоа Девицата е лош партнер за Овенот, поради тоа што постојано бараат внимание и ги се комплицирани.
Вага и Шкорпија
Вагите бараат љубов на долги патеки, посветеност и мир. Шкорпијата не може да пружи ништо од тоа и е исклучително песимистична, мрзлива и невнимателна.
Бик и Близнаци
Иако Биковите се одличен материјал за врска и се многу толерантни, тие не можат да го трпат секој. Близнаците тешко дека ќе се одлучат на брак а знак како Бикот кој тежнее да формира свое семејство што побрзо, тоа ќе го доведе до лудило.