Загатката која жените се обидуваат да ја одгатнат веќе со децении – конечно го доби своето решение.
Вечната дилема на понежниот пол е што точно ги привлекува мажите и што тие сметаат дека е неодоливо кај жените, конечно доби одговор. Секако, не можеме да генерализираме но овие два типа на жени, мажите фрлаат око.. Барем така вели науката.
Веројатно сте приметиле како понекогаш скоро сите мажи на работа, факултет или било која друга колектива, се наклонети на само една девојка, а таа не ни најубава нити најзгодна. Што е тоа што толку ги интригира?
Психолозите установиле дека овие два типа на жени најмногу го привлекуваат посилниот пол. Резултатите на спроведениот експеримент се следни:
Таа која ги потсеќа на нивната мајка
Според зборовите на науката, додека девојките во својот партнер ги бараат особините на својот татко, така и мажите бараат нешто го ги потсеќа на нивната мајка.
На изборот на партнерка влијае и длабоко всадената потсвест на која не можат да влијаат. Најверојатно привлечноста е поврзана со сеќавањата од деството. Меѓу другото, покрај нивната мајка тие се чувствувале удобно и безгрижно, а зошто и понатаму во повозрасната доба да не бараат некој покрај кого ќе ја чувствуваат истата среќа?
Возрасните и силни мажи, некаде длабоко во себе, и понатаму остануваат мали деца, а тоа значи дека сакаат грижа, безусловна љубов и топлина, но не брзајте ваквите мажи да ги класифицирате како мамини синови.
Доктор Џои Брадерс објаснува: „Секој возрасен маж, несвесно во својата партнерка ги бара особините на својата мајка. Нашите мајки оставаат толку длабок впечаток во срцето па затоа ги побараме нивните познати особини кај оние жени кои ги бираме како партнерки за цел живот. Се случува често да не привлече интонацијата во гласот, видот на фигурата, навиките или смислата за хумор, како оние на мајчините. Затоа, ако нашите мајки се однесувале со топлина и се грижеле за нас, тогаш ние мажите ќе го бараме истото од таквите жени.“