Категории

Хит есенски трендови за љубителите на минимализмот

Според зборовите на модната библија Vogue, оваа сезона е резевирана за модните парчиња без многу детали.

Еднобојните парчиња се апсолутен шик. Со ваквиот стил, облекување станува поеднаставно и полесно, а секој аутфит ќе биде без грешка. Сите оние кои преферираат минималистички изглед и сталинг, оваа сезона им донесува многу трендови кои совршено ќе се вклопат во нивниот стил.

1.Чизми на дебела потпетица
Чизмите кои се апсолутен хит оваа сезона, без никакви детали и додатоци, едноставни, шик и супер тренди:

2.Џемпери
Класичните еднобојни џемпери со копчиња или без, оваа есен совршено ќе се вклопат во сечиј сталинг, а може да се носат на повеќе начини.

3.Класична кошула
Класичната бела кошула е безвременско модно парче, а оваа сезона се актуелни оние со балон ракави и асиметричен крој, како создадени за љубителите на минималистичкиот стил.

4.Oversize сако
Модата која ни се враќа од ’90тите е тотален хит оваа есен. Обожавателите на минимализмот најмногу ќе им се радуваат затоа што ќе можат да ги носат на повеќе начини, како фустан, со каиш на струкот или со панталони и фармерки:

5.Една боја од глава до пети
Дефинитивно еден од најактуелните и најобожавани трендови е еднобојниот стајлинг. Оваа есен особено популарни е белата, кафеавата, празово зелена и розе боја.

6.Класично одело
Класичното црно одело нема никогаш да излезе од мода, а оваа есен го носат сите трендсетерки.

Прегледи:
567
Објавено на:
05.10.2019