Категории

Како да ја заведете личноста која ви се допаѓа?

Говорот на телото е алфа и омега за самците. Не е важен само контактот со очите, туку и држењето на телото може да открие многу за тоа дали флертуваме или чувствуваме аверзија.

Со цел да не дојде до неспоразум, ви донесуваме водич за правилни гестови кои ќе му откријат на спротивниот пол дека ви се допаѓа.

Вистински говор на телото
Се наоѓате во кафич и сакате да му го привлечете вниманието? Тогаш обавезно внимавајте на држењето на телото. Исправете го грбот, рамента повлечете ги наназад и држете ја главата високо – тоа многу зборува за вас. Освен тоа што ќе му упаднете во око, ќе му покажете и дека сте самоуверени а тоа ќе го разбуди интересот и ловечкиот истинкт.
Во никој случај не смеете да имате затворено држење на телото.
Ако седите со прекрстени раце, никогаш нема да дојде до идеата дека сте заинтересирани за него, баш напротив. Во него ќе се пробуди незаинтересираност.

Вистинска гестикулација
Сиурно сте се нашле во ситуација кога ви пријдел некој згоден тип но не сте знаеле што да правите со рацете. Секако нема да ве советуваме да се однесувате нападно, на пример како во филмовите да ја зафрлувате косата на страни или да вртите прамен околу прстот – тоа е големо не!
Еден знак кој покажува отвореност и спонтаност е нежно допирање на двете дланки или со едната рака нежно да го допирате зглобот.

Смешкање
Една студија откри дека мажите паѓаат на жени кои многу се смеат. Тоа покажува дека сте отворени и пристапни.

Прегледи:
480
Објавено на:
07.10.2019