Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, после навистина долго време ќе има свој солистички концерт и во Скопје.
„Иако насекаде во регонот Петар Грашо настапува во најголемите постоечки сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерти, во најубавиот простор во Скопје, Македонската Филхармонија“, велат од Авалон Продукција.
Концертите ќе се одржат на 13-ти и 14-ти декември со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7-ми октомври во 09 часот наутро по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 2.000 ден.
Ова е навистина уникатна можност, човекот кој ги има испеано хитовите „Ako te pitaju“, „Moje zlato“, „Utorak“, „Ko nam brani“ и уште многу други, и во моментов претставува хрватска институција, да го видите во интимен амбиент во Скопје.