Фармерките од сезона во сезона се апсолутно задолжително модно парче. Тие никогаш не излегуваат од мода на голема среќа на сите нас, само трендовите постојано се менуваат и доаѓаат и си одат. Оваа сезона помеѓу клучните трендови се наоѓаат широкиот модел на фармерки во најразлични кроеви, особено доминантен е оној со рамен крој, ѕвонарките, како и веќе омилениот на сите – boyfriend моделот.