Категории

Модното парче што го носевме во текот на летото станува тренд и во наредните месеци!

Се комбинира со сè!

Многу атрактивен и удобен модел што ќе сакате да го носите многу често, пишува Стил.

 

Оние парчиња што ги купуваме и носиме безброј пати, во разни прилики и комбинации се најдобрата инвестиција. Tокму такво парче е здолниште со крој до коленици. Несомнено е дека ќе стане вистинска есенска униформа од која нема да сакате да излезете.

 

Оваа лепршава креација е апсолутен есенски хит. Многу лесно се комбинира, а добро стои на сечие тело. Ги нагласува облиците, а во исто време ги крие вишокот на килограми на проблематичните места.

 

Совршено се вклопува со џемпери или ролки. Кога станува збор за обувки, можете да го носите и со рамни чизми, како и оние со потпетици. Изгледа совршено дури и во комбинација со патики.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
557
Објавено на:
09.10.2019