Категории

Поучна приказна: Еден богат човек ја посетил својата мајка во старечки дом, нејзините зборови будат немир!

Пред неколку години еден човек ја оставил својата мајка во старечки дом. Тие поседувале огромна куќа, но за жал никој немал доволно време за мајката. Сите работеле. Дошле до одлука да ја остават во старечки дом. На старата жена и била многу тешко поради тоа, но морала да ја прифати одлуката на своите деца.

Синот ја посетувал секоја седмица во домот, а потоа едноставно престанал да доаѓа сѐ додека не го повикале и му кажале дека неговата мајка е во тешка состојба. Кога дошол ја запрашал дали и треба нешто.

Таа му рекла дека сака да ѝ купи клима уред и да ја реновира кујната.

Тој ја запрашал зошто порано не му кажала дека и е потребна, а потоа таа му одговорила: „Сине мој, јас се навикнав на оваа жештина во собата, па и на храна и на глад. Но, сине, јас тоа го барам за тебе. Кога твоите синови ќе те остават тука, да имаш подобри услови.“