Категории

Психолозите откриваат: Зошто партнерот најчесто изневерува?

Врските се навистина комплицирани односи, кои бараат многу инвестиции и напор, а понекогаш и наједноставните грешки можат да доведат до целосен неуспех. Еден од најголемите предизвици во врската помеѓу двајца е да се одолее на неверството.

Кога ќе се случи неверство, за оној што е изневерен целиот свет како да престанува да постои, но ако љубовта е вистинска, треба да се обидете да ја дознаете причината за неверството на партнерот и да видите дали може да има и малку ваша вина за тоа.

 

Тоа не секогаш лесно, затоа што има многу ситни причини за партнерите да ја донесат таа одлука. Многу психолози се занимавале со ова прашање и наведоа голем број причини зошто еден од партнерите најчесто одлчучува да изневери.

 

  1. Емоционално растојание

Основата на секоја здрава врска е емоционална блискост, разбирање и секојдневен разговор. Ако партнерот чувствува дека веќе подолго време сте на емотивна дистанца, можеби ќе побара разбирање во нечија прегратка, а вашата љубов тоа може да ја чини скапо.

 

  1. Рутина

Рутината постепено прераснува во здодевност, а здодевноста има уништувачки ефект врз односот помеѓу двете личности. Малку турбуленции ги решаваат работите, а честопати таа турбуленција доаѓа од трето лице во вашата врска.

 

  1. Недостаток на доверба

Понекогаш влегуваме во фаза на живот што не е пријатна за нас и во која не се чувствуваме најсигурно. За мажите најдобриот лек за егото е ако забележат дека тие се уште се пожелни за жените. Кога ќе сфатат дека друга жена ги посакува, тие со задоволство ќе си дозволат афера, само за да ја вратат изгубената самодоверба.

 

  1. Растеле во околина каде неверството е нормална појава

Воспитувањето има големо влијание врз развојот на карактерот и нашето однесување за време на зрелоста. Ако во детството имал можност да види како неверството поминало неказнето, тој веројатно ќе сфати дека станува збор за сосема нормална појава, на која подоцна нема да труди да и се спротивстави.

Прегледи:
398
Објавено на:
20.10.2019