Категории

Чизми со анимал принт се најдобрата инвестиција оваа сезона

Оваа есен, сосема е јасно дека чизмите со анимал принт се водечки хит оваа сезона кога станува збор за обувки. Судејќи според тоа што можеме да го видиме на фотографиите од модните недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, посебно се атрактивни чизмите со принтови од крокодилска и змиска кожа.

Трендсетерките ги комбинираа овие чизми со потпетици со мини и миди здолништа, како и со фармерки.

На ревиите чизмите со принтови од крокодилска и змиска кожа ги представија модната куќа Chloe, чии модели имаат впечатлива штикла.

Најпопуларни се моделите до колена, а покрај неутралните, подеднакво се атрактивни и чизмите со силна боја, како жолта и црвена боја.

Со оглед на популарноста на овој тренд, високата улична понуда е богата со широк спектар на најразновидни модели, меѓу кои секој би можел да го пронајде совршениот трендовски пар за себе!

Прегледи:
576
Објавено на:
22.10.2019