Категории

Овие 5 причини покажуваат дека тој сепак НЕ Е вистинскиот

Запознавте личност во која се вљубивте лудо, но нешто ви вели дека сепак нешто недостига..

Овие 5 причини зборуваат дека љубовта сепак не може да победи се:

1.Кога не може да ја задржи работата и нема никакви амбиции во животот
Ако вие сте амбициозни и спремни да учите и созревате од година во година, треба покрај себе да имате личност која е слична на вас. Флегматичните и незаинтересирани мажи едноставно заборавете ги.

2.Кога ве сака, но не ви е верен
Што е премногу, премногу е. А тоа не смеете да го дозволите, ставете точка и не простувајте повеќе.

3.Сакате потполно различни нешта
Тој сака да основа семејство, а вие моментално сте во фаза кога не би сакале да имате деца. Тој сака да се пресели во друг град, држава, на друг континент, а вие сакате да останите тука каде што се наоѓате. Не велиме дека е невозможно да се пронајдат компромиси, но морате да знаете каде треба да се повлече границата.

4.Кога неговото семејство сака да ве раздвои
Ако мислите дека можете да се носите со фактот дека неговото семејство не ве сака, тогаш добро. Но некогаш не е вредно да се трпи сета таа негативност и конфликти.

5.Кога е незрел
Да одгледувате уште едно дете, кое неговата мајка не можела да го одгледа навистина нема смисла. Вам ви треба маж, а не дете!

Прегледи:
335
Објавено на:
24.10.2019