Славната модна уредничка Ана Винтур, ги следеше од прв ред сите модни ревии за сезоната пролет/лето 2019, и еве што издвои.
Кога Ана Винтур ќе даде интервју, сите модни новинари се претвораат во уво. А кога открива што најмногу и се допаѓа на модните ревии за 2020 година, веќе знаеме што ќе биде во тренд.
За пролет и лето 2020 година, дизајнерите пред се ќе не почестат со најразлични дезени. Крајот на 2019 припаѓа на едноставните парчиња, комбинации во еднобојни ткаенини и едноставни кроеви, меѓу кои се карираниот и анималниот принт како главни трендови.
Еве што кои трендови ни ги донесува идната сезона:
1. Мантил
Мантилот ќе биде задолжително модно парче за идната сезона. На модните ревии за 2020 година, најголемо внимание привлекоа кратките модели во впечатливи бои.
2.Балетанки
Рамните чевли се враќаат на големата врата, а особено внимание ќе привлекуваат оние со врзување околу нозете, светкави детали и врв во различна боја.
3.Чипка
Заборавениот, нежен материјал се враќа повторно на тронот. На ревиите на модната куќа Alexander McQueen присутните имаа чест да уживаат во фантастичната романтична убавина на овој материјал. Ако имате парчиња од ваков материјал, чувајте ги за идната сезона затоа што ќе бидат тренд број 1.