Нура Баздуљ-Хубијар е писателка која досега има објавено низа романи, песни и драми. Нејзините дела се преведени на десетина јазици, а еден од нејзините романи од 1996. година е снимен во техника за слепи личности. Исто така, нејзините текстови се дел од учебниците за студентите и професорите на Харвард.
За себе најпрво вели дека е човек, па жена, мајка, баба, домаќинка, а потоа писателка и многу малку сликарка.
„Учете ги своите деца да сакаат. Како што кажале еднаш: Децата не мора да ги воспитувате, и онака ќе бидат исти како вас“, изјавила таа.
Ова е една од нејзините објави за една Ивана, но во неа ќе се пронајде секој од нас.
„Да изгубиш мајка значи да го изгубиш сидрото кое метафизички и буквално те врзува. Сѐ додека мајката е жива, живее и некаква метафизичка папочна врвка; и како што сидрото го врзува бродот така и таа папочна врвка останува во извесна смисла метафизичка врска помеѓу детето и мајката. Вие знаете дека првиот крик, првиот плач на новороденчето се јавува во моментот на сечење на папочната врвка, кога материјалната врска на плодот со неговата мајка се прекинува. Исто така знаете дека првиот вистински крик на човекот се јавува кога доаѓа до сечење на метафизичката папочна врвка, кога конечно и засекогаш човекот се разделува од својата мајка, кога една душа си оди.“