Секогаш е добро време да се почастите со вкусен десерт
Состојки:
- 100 грама ориз
- 750 мл млеко
- 4-5 лажици шеќер
- малку сол
Подготовка:
- Варете го оризот во вода три минути, а потоа исцедете го.
- Додадете малку сол во млекото и ставете го да зоврие.
- Додадете го оризот и гответе на тивок оган додека оризот не го впие млекото, не мешајте.
- Додадете го шеќерот во зготвениот ориз и промешајте нежно за да зрната останат цели.