Категории

Карирано палто – Идеално парче за модна трансформација

Едно од модните класици кога станува збор за гардероба за ладните денови, е дефинитивно карирано палто. Модните трендсетерки знаат дека ова парче има неверојатна моќ за трансформација, така што секоја есенска облека ќе изгледа совршено.

Карирано палто е парче кое едноставно се комбинира со скоро сé што имате во вашата гардероба, а идеално е за секоја пригода.

Без разлика дали ќе го комбинирате со фармерки или пантолони со длабок струк, ќе постигнете сериозен, модерен изглед кој дефинитивно ќе биде непогрешлив избор кога сакате да оставите впечатаок на жена од стил.

Оваа сезона актуелни се парчиња во живописни бои, како и оние со неутрални тонови, а особено привлечни се волнените парчиња во кои вреди да се инвестира.

Без разлика дали го носите над кошула, плетена облека или над фустан, ова е неопходно парче во вашата гардероба.

Прегледи:
932
Објавено на:
08.11.2019