Совети кои ќе ви помогнат да го намалите изгледот на проширените пори на лицето
Порите се малечки дупчиња кои и дозволуваат на кожата да диши. Сите ги имаат, но кај некои личности можат да бидат поизразени. Проширените пори можат да бидат доста впечатливи на лицето, со што помеѓу другото го отежнуваат и нанесувањето на шминка на лицето. Најчесто се видливи кај личностите со масна кожа.
За жал не е возможно физички да ги смалите порите, но возможно е да го намалите изгледот на порите. Ви споделуваме одлични начини како да го направите тоа по природен пат..
Редовно чистење на лицето
Секое утро и вечер чистете го лицето со благ гел за чистење лице. Пократ тоа можете да користите и четка наменета за чистење на кожата на лицето за подобро да ги исчистите порите. Со самото тоа ќе ја отстраните нечистотијата од лицето и порите што визуелно ќе го намали тие да изгледаат големи.
Користете пилинг барем еднаш неделно
Пилингот ќе ви овозможи длабинско чистење на кожата и отстранување на мртвите клетки од неа. Користете нежен пилинг кој не ја пресушува кожата, два пати неделно. Масирајте со лесни движења и немојте да бидете груби спрема кожата затоа што во спротивно можете да направите да изгледаат поголеми.
Негувајте го лицето
Одберете соодветна крема за вашиот тип на кожа и нанесувајте ја секој ден, навечер можете да нанесувате серум или емулзија со витамин Ц и салицилна киселина кои се едни од најефективните состојки при борбата со проширени пори.
Користете маска за лице
Маската од јаглен и зелена глина е најдобар избор за проширените пори, таа го извлекува вишокот себум од кожата и прави тие да изгледаат помали.