Категории

„Животот не е само една сезона“ – Мудра приказна која ќе ве промени

„Немојте да судите за животот според една тешка сезона!“

Си бил еден човек кој имал четири сина.
Сакал сите негови синови да научат да не ги пресудуваат благословите пребрзо. Затоа ги испратил во потрага да го пронајдат стеблото на една круша кое било многу далеку.
Првиот син отишол во зимата, другиот во пролетта, третиот во летото а четврдиот син во есента.
Кога сите отишле во потрага и се вратиле, татото ги запрашал да му опишат што виделе.

Првиот син рекол дека стеблото било грдо, свиткано и испреплетено.
Другиот син се спротивставил и рекол дека било со зелени цветови и полно со ветувања.
Третиот син не излажал и рекол дека било исполнето со цветови кои мирисале слатко и изгледале многу убаво. Тоа било најубавото нешто кое го видел.
Последниот син не се согласил со сите нив, рекол дека тоа е сеуште зелено и полно со овошје, полно со живот и ветувања.
Човекот сега му објаснил на своите синови дека сите одговори кои ги дале биле точни, затоа што сите тие виделе само една сезона од животот на стеблото.

Им рекол дека не можат да судат за стеблото или некоја личност само преку една сезона, туку треба да се гледа целокупната суштина за тоа кои се и што се – уживањето, радоста и љубовта во тој живот во сите сезони.
Ако се откажете кога е зима, ќе го пропуштите она што ви го ветува пролетта, убавината на новото лето, искачувањата од вашите падови.
Немојте да судите за животот според една тешка сезона. Немојте да и дозвлолите на болката на една сезона да ја уништи радоста на сите останати.

Прегледи:
399
Објавено на:
12.11.2019