Сега и официјално, слушањето музика може да го намали нивото на стрес за дури 65 проценти
Британските научници спроведоа истражување за да откријат дали музиката помага во опуштање на нервниот систем и дали некои песни се значително поефикасни од останатите.
Во овој експеримент учествувале над 100 испитаници. Требало да решат тешки задачи кои барале многу напорна работа, а имале ограничено време и фактори кои им сметаат.
Постојано им е мерен крвниот притисок, дишењето, мозочната активност и пулсот. Додека ги решавале задачите испитаниците слушале различни песни, а научниците ги забележувале промени на нивото на стрес и направиле список на песни кои имаа најмногу позитивни ефекти.
Затоа, појачајте ја музиката и заборавете на сите проблеми. Овие три песни можат да ве опуштат во напнати ситуации.
На прво место е песната “Someone Like You”, од Adele.
На второ место е “Strawberry Swing” во изведба на Coldplay, додека третото место го зазема “Weightless”.