Категории

Дали сакаме исто на 25 и на 50 години?

Дали сакаме исто на 25 и на 50 години, кога емоционалната исполнетост најмногу не усреќува и од што зависи кое место на листата на приоритети ќе има љубовта?

Психолозите тврдат дека многу нешта зависат од односот во примарното семејство, бракот на родителите, воспитувањето. Но, ако претпоставиме дека сето тоа одело во „нормален“ тек, дека сме се формирале во емотивна и психички зрела личност, способна да прифаќа и пружи љубов, како тогаш тоа се менува низ времето? Како сакаме на 18, како на 36, како на 50? Исто, посилно, постраствено, поедноставно..?

Научниците тврдат дека првата љубов е многу важна, затоа што на многу начини таа ја формира нашата претстава за љубовта и трајно не одредува. Љубовта во тинејџерската доба е емоционално јака, страствена, на изглед животна. Но, тоа се случува поради тоа што не сме во состојба да ја разграничиме љубовта и заљубеноста, две спротивни нешта, затоа што според дефиницијата љубовта е зрелост, а заљубеноста – незрелост. Во реалноста, воопшто реално не сакаме, го сакаме само чувството кое таа го буди во нас. Да нема забуна, може да се биде заљубен и во зрелата доба, кога сме емотивно и психички најстабилни, но најважно е да се знае да се воочи разликата.

Заљубноста е состојба на помрачување на свеста, емотивно и хормонално лудило, па поради тоа психолозите ја нарекуваат „незрела љубов“ која се јавува во раните години. Заљубеноста е врста на инфантилност, таа вели „не можам без тебе“, но е само краткотрајно чувство кое брзо донесува отрезнување, често и разочарување. Некои психолози тврдат дека личноста која достигнува полна психичка зрелост губи способност да се заљуби, но ите како е способна да сака.

Прегледи:
505
Објавено на:
01.12.2019