Внимателното негување на вашето тело не вклучува маникир еднаш годишно, туку постојано негување на себе си.
Нашето тело е наша основа. Жената која постојано го оценува своето тело не е таа која се цени себеси. Ако телото не е во ред, тогаш ни душата не е во ред!
Женски навики
Навиката да спиете доволно е неопходна за убавина и хармонија на умот и душата. Недостаток на сон доведува до уништување на физичката убавина, ја нарушува хормоналната позадина, доведува до анкциозност, раздразливост и депресија. Да не ги спомнуваме брчките. Почитувајте се – легнете на време!
Одморете се кога ќе се чувствувате уморни. Не глумете херој и човек што е добар за другите. Несоодветниот одмор доведува до неподготвеност да се направи нешто важно, раздразливост и депресија, како и до прекумерна тежина! Почитувајте се – одмаратеј редовно!
Вкусните и здрави оброци се многу важни. Не е залудна изреката: “Вие сте тоа што го јадете!” Жената што се сака себеси никогаш нема да јаде нешто што не сака туку своето тело ќе го третира како грижлив родител своето дете. Почитувајте се – јадете здраво и вкусно!
Ако сакате да вежбате – добро! Вежбајте. Пријавете се во теретана! Но, пред тоа, одвојте 20 минути секој ден добро да се одморите и 20 минути за убаво прошетка. На телото му треба движење. Сè што не се движи е уништено. Но и премногу движење го уништува и телото. Главната работа е да ја пронајдете вистинската мерка!
Движењето ќе го согори она што сте го јаделе, движењето ќе донесе радост на телото и душата, затоа што движењето значи – живот! Дури и кога сте тажни, депресивни, исцрпени – Почитувајте се и редовно движете се!
Внимателното негување на вашето тело не вклучува маникир еднаш годишно, туку постојано негување на себе си.
Сакајте го своето тело какво што е и тоа ќе ви ја врати таа љубов со добра здравствена состојба!